19.8 C
Skopje
вторник, 29 јули 2025

Ваков ракометен дебакл сме немале повеќе од 20 години

Македонската ракометна репрезентација ќе го има најлошиот пласман на Европско првенство во последниве две децении. Ова беше петти пат во низа Македонија да биде дел од континенталниот собир, а во претходните четири настапи, секогаш ја поминувавме групната фаза.

Во 2012 година го направивме најголемиот успех кога во Белград завршивме на петото место. Две години подоцна во Данска, Македонија беше на 10-тото место, а во Полска во 2016 и Хрватска во 2018 година завршивме на 11-тата позиција.

Вечерва загубивме од Австрија што значи дека останавме без шансите за пласман во главната фаза. Последен пат кога Македонија не ја помина групната фаза беше на ЕП во 1998 година во Италија, кога во шест меча имавме едно реми и пет порази, без ниту еден триумф.

 

- Оглас -

Најнови вести