3531 Динамо Минск – Ислох Минск (18 ч.)
Градско дерби на две квалитетни екипи во белоруското првенство. Динамо е како специјализиран за нерешени резултати дома, па во пет меча има четири нерешени и една победа. Ислох игра отворен фудбал, па често дава, но и прима погодоци.
И традицијата кога играат овие два тима навестува дека ќе има погодоци , па на последните пет дуели секогаш имало барем два погодоци, а три пати било гол-гол. Динамо и сега има пет меча во кои дава и прима погодоци.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.90)
2704 Лахти – Интер Турку (17 ч.)
Две екипи кои се во сосема различна форма. Лахти има пет меча без победа во првенството, додека Интер Турку во тој период е без пораз.
Лахти ја има најслабата одбрана во првенството на Финска, а дома игра очајно и во пет меча има само еден освоен бод и само еден даден, а дури 11 примени погодоци.
Предлог тип: Х2&2-5 (1.71)
1279 Слиго Роверс – Шелбурн (20:45 ч.)
Интересно е дека на последните девет меѓусебни средби секогаш имало победник кога играле овие два ривали и тоа Слиго Роверс има шест победи, а Шелбурн се радувал три пати.
Слиго сезонава е експерт за нерешени и има осум реми во 21 дуел, па можеби е дојдено време конечно да се прекине ова низа без икс во меѓусебните средби.
Предлог тип: Х (3.05)
2502 Одд – Бодо/Глимт (18 ч.)
Бодо/Глимт се прослави минатата сезона на меѓународна сцена со убедливата победа над Рома со 6:1. Тоа е тим кој и сега е во горниот дел од табелата во Норвешка, а сега гостува кај Одд. Интересно е дека Одд нема ниту едно реми во 12 меча сезонава.
Гостите се фаворити и треба да ги освојат трите бода, а на овој меч може да се очекуваат по барем три погодоци.
Предлог тип: 2 (1.70)
2603 Хелсинборг – Калмар (17:30 ч.)
Иако има одиграно само 12 меча во шведското првенсво, Хелсинборг е „печен“ за испаѓање. Тимот има освоено само пет бода и е на дното на табелата.
Калмар ја има најдобрата одбрана, но и нема претерано ефикасен напад. На пет од последните шест средби на овие два тима, немало повеќе од два погодоци.
Предлог тип: 0-2 (1.68)