Ваков тикет се фаќа еднаш во 100 години: На Наполи – Јуве погоди квота 105 и заработи 36.750 евра!

Наполи потврди дека има шампионски амбиции во Серија А, откако синоќа во дербито против Јувентус, тимот од југот на Италија победи убедливо со 5:1. На гостувањето во Неапол, Јувентус пристигна во одлична форма со осум победи без ниту еден примен гол, но тоа не ги уплаши домаќините.

Победата на Наполи од 5:1 е најтежок пораз на Старата дама во последните 30 години. Јувентус немаше загубено со 5:1 во Серија А од далечната 1993 година против Пескара.

Наполи брзо поведе со 2:0, а Ди Марија намали на 2:1 пред крајот на првиот дел. Во второто полувреме Наполи доминираше и постигна три гола за високи 5:1 на крајот. Последниот погодок за Наполи го постигна македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.

Токму тој гол на Елмас донесе голема радост на еден обложувач кој бил преголем оптимист, па се обложил на точен резултат 5:1 за Наполи. Обложувачот уплатил 350 евра, а коефициентот за точен резултат 5:1 бил дури 105.

На крајот, дербито заврши со 5:1 за Наполи, а обложувачот за тоа доби 36.750 евра.

- Оглас -

Најнови вести