Ваков Вардар сакаат навивачите, победен е украински Џин

Фудбалерите на скопски Вардар со победа од 2-0 против украинскиот Колос Коваливка ја завршија серијата контролни натпревари на подготовките во Анталија, Турција.

Лемос и Ристовски во финишот на првото полувреме беа стрелци на головите. И среќата им беше сојузник на храбрите вардарци бидејќи Колос утна пенал (Ориховски ја погоди пречката), а Украинците погодија и статива во периодот помеѓу двата гола и им пропадна убавата шанса да израмнат на 1-1.

Колос е тим кој е деветтопласиран во украинската лига, есеноска одигра нерешено против Динамо Киев, а има и неколку странци во составот.

Вардар извојува две победи, двете со по 2-0, а имаше и три порази на подготовките во Турција.

- Оглас -

Најнови вести