Вакцинацијата станува задолжителна во Премиер лигата

Вакцинацијата против корона-вирусот ќе стане задолжителна во Премиер лигата на Англија. Владата на Велика Британија размислува да ги принуди сите фудбалери и тренери да бидат вакцинирани со две дози најдоцна до 1 октомври.

Во моментов, само два клуба од англиската елита се комплетно вакцинирани. Се очекува и од навивачите да се бара вакцинален пасош за влез на стадион.

Ливерпул планира на пријателските мечеви во Атлетик Билбао и Осасуна на трибините на „Енфилд“ да прими 75 проценти од капацитетот на стадионот, а на некои стадиони во Англија има и центри за вакцинција за да се охрабрат луѓето да примат вакцина што порано.

 

- Оглас -

Најнови вести