Традиционално секој понеделник се објавува новата светска тениска АТП-листа, а овојпат таа е посебно интересна. За првпат во последните 19 години во Топ 10 тенисери во светот има тројца Американци.
Бен Шелтон, Тејлор Фриц и Томи Пол се Американците кои се меѓу најдобрите 10 во светот, што е повторување на подвигот од 2006 година, кога во Топ 10 беа Андре Агаси, Џејмс Блејк и Енди Родик.
Шелтон е тенисерот кој првпат влегува меѓу најдобрите, а потребните поени ги доби по добриот настап на турнирот во Штутгарт, каде што стигна до полуфиналето. На тој турнир во Штутгарт победи друг Американец, а тоа е Фриц, кој со освојување на овој пехар се искачи на четвртото место на листата. Томи Пол е на осмата позиција.
На врвот на листата нема промени. Јанис Синер е лидер со 10.880 поени, пред Карлос Алкарас со 8.850 и Александер Зверев со 6.500 поени. Новак Ѓоковиќ останува на петтото место со 4.630 поени, а Џек Дрејпер е шести со 4.550 поени, пред Лоренцо Мусети, кој има 4.470 поени. Холгер Руне е на деветтото место со 3.440 поени, а Шелтон ги комплетира најдобрите 10-мина тенисери во светот.