Ваква бизарна повреда на тениски меч не сте виделе (Видео)

Изгледа во тенисот ќе мора нешто да се менува околу рекламите кои се околу теренот. На турхнирот од серијата 500 во Абу Даби за жени, Белгијката Кирстен Флипкенс на мечот против Софија Кенин водеше со 1-0 во сетови, а потоа при 4-5 за Американката во вториот сет, мораше да се предаде поради повреда на скочниот зглоб, здобиена од сопнување од една реклама на аголот од теренот.

На турнирите секако им се неопходни спонзори, но вакви работи кои го загрозуваат здравјето и кариерите на тенисерите и тенисерките, не се потребни. Рекламите на теренот може да бидат опасни, Флипкенс се увери во тоа.

https://twitter.com/i/status/1347482693320192003

- Оглас -

Најнови вести