16.8 C
Skopje
вторник, 19 август 2025

Ваква чест не му беше направена ни на Мајкл Џордан, Леброн Џејмс избран за знаменосец на САД!

Со гласање на 592 претставници на САД на Олимписките игри во Париз одлучено е машки знаменосец на Американците на свеченото отворање в петок вечерта да биде кошаркарот Леброн Џејмс.

Леброн ќе биде еден од двајцата знаменосци на тимот на САД, а утре ќе биде објавено името на спортистката која ќе му прави друштво.

Џејмс е првиот маж кошаркар кој ја доби оваа чест и ќе ја предводи големата делегација на отворањето кое нема да биде на стадион, туку покрај реката Сена во главниот град на Франција и наместо по атлетска патека, спортистите ќе парадираат со чамци.

Најдобриот стрелец во историјата на НБА-лигата има две олимписки злата (2008 и 2012 година) и една бронза (2004), а не учествуваше на претходните две ЛОИ. Сега се враќа, ова ќе му бидат последни Олимписки игри во кариерата.

- Оглас -

Најнови вести