32.8 C
Skopje
сабота, 12 јули 2025

Ваква драма и пресврт благодарение на ВАР-системот досега немало (Видео)

По воведувањето на ВАР-системот, низ фудбалските терени се видени многу пресврти и интересни ситуации, но тоа што се случи во Аргентина е уникатно. Хурикејн беше домаќин на Баракас сентрал, а на крајот гостите се радуваа на триумф од 2:1 во меч кој имаше неверојатна завршница.

При резултат 1:1, во 88-мата минута Хурикејн имаше контранапад и домаќините дадоа гол, по што започна големо славење. Сепак, тоа славење беше залудно затоа што од ВАР-собата сигнализираа дека има некакво прекршување на правилата.

Голманот на домаќините, од кого започна контранападот, со топката бил излезен надвор од шеснаесетникот во моментот кога ја додаваше на својот соиграч, а тоа се суди како прекршок. Наместо гол за домаќините, судијата покажа дека гостите треба да изведат слободен удар од работ на шеснаесетникот.

Иван Тапија шутираше од слободен удар и успеа да погоди, па на крајот гостите беа тие кои се радуваа на триумф од 2:1. Целата драма траеше неколку минути, па победничиот гол за гостите всушност беше постигнат во 94-тата минута.

 

- Оглас -

Најнови вести