Ваква драма немало досега: На три меча се играат дополнителни 30 минути, Германија за малку ќе направеше од „готово-вересија“

Неверојатна неизвесност има во четвртфиналните дуели во Лига на Европа, па на три од нив се играат дополнителни 30 минути за да се дознаат паниците на фајнл-фор завршницата.

Шпанија и Холандија одиграа 2:2 по 90 минути на „Местаља“ во Валенсија. Првиот меч во Холандија заврши 2:2, а истиот резултат е и во реваншот. Црвената фурија водеше со 1:0 и 2:1, но Холандија израмнуваше, па ќе се играат дополнителни 30 минути.

Франција со 2:0 ја „доби“ Хрватска во Париз, а ако се знае дека Хрватска на првиот меч во Сплит победи со 2:0, јасно е дека и тука драмата продолжува. Олисе од слободен удар и Дембеле со прецизен шут донесоа радост за Франција и дополнителни 30 минути возбудувања.

Португалија има 3:2 против Данска, а ако се знае дека Данска на првиот меч беше подобра со 1:0, вкупниот резултат по 180 минути е нерешен, па и тука има дополнителни 30 минути.

Германија е прв полуфиналист иако дома одигра 3:3 со Италија. панцерите одат понатаму поради победата на гости од 2:1. Германија вечерва водеше со 3:0 на полувреме, но аѕурите во вториот дел одиграа феноменално и се вратија во игра да израмнат, но сепак да бидат „живи“ мораа да победат барем со еден гол, а вака сега се елиминирани.

- Оглас -

Најнови вести