Помалку од 24 часа остануваат за да прогнозирате во ова коло на Спортска прогноза на Sport Life и да бидете во конкуренција за освојување на главната премија за Среќна 13-ка.
Во понудата има интересни мечеви од најсилните лиги во Европа, а најголемо внимание привлекува најголемото англиско дерби меѓу Ливерпул и Манчестер јунајтед. Над 1.000 прогнозери досега ги дадоа своите типови, а интересно е дека кога се работи за англиското дерби, прогнозерите се целосно израмнети. За победа на Ливерпул гласале 38 отсто, а исто толку шанси се даваат Манчестер јунајтед да слави.
Освен ова дерби, тука е италијанското дерби меѓу Рома и Јувентус. Старата дама е во одлична форма, па не случајно дури 40 отсто очекуваат да биде „двојка“, додека едвај 22 отсто чекаат „кец“ на Рома.
За погодени перфектни 13 фикса може да се одбира еден од подароците: Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, X Box Series X.
Доколку имате само еден утнат пар, подарокот е во вид на вредносен ваучер од Sport Life од 1.000 денари. Ваучер од 500 денари следува за сите оние кои ќе имаат две утки и 11 погодени натпревари.