Ваква комбинација немало – Доби отказ по победа, сега ќе смени тренер што си заминува со триумф

Томас Тухел денеска ќе биде именуван за нов тренер на Челзи на местото на Франк Лампард, објавија англиските медиуми.

Според нив, договорот меѓу раководството на клубот и новиот тренер е веќе склучен и се чека само официјална промоција.

Интересно е што Тухел доби отказ во Пари Сен Жермен пред божикните празници и по победата против Стразбур од 4:0, па на некој начин си замина триумфално.

И сега ќе наследи тренер што идентично со победа на Челзи против Лутон од 3:1 во ФА купот ќе добие отказ.

Во опција за Челзи беа уште две варијанти, но Јулијан Нагелсман не доби дозвола од Лајпциг да биде нов тренер на премиерлигашот, а и Макс Алегри наводно не прифатил да биде наследникот на Лампард.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести