Вардар води со 13:10 против Кил по првото полувреме во „Јане Сандански“. Некогашниот двократен европски првак игра фантастично против големиот фаворит, а предводници на теренот се голманот Мартин Томовски, кој е фантастичен со 13 одбрани, и Тимур Дибиров со 7 гола.
Дополнителен „ветер во грб“ за Вардар е публиката. Атмосферата која е на трибините е фантастична, едноставно, каква што може да ја има само Вардар во ракометната Лига на шампиони. Комитите и останатите навивачи уште еднаш покажаа дека се осми играч на Вардар.