По еднодневна пауза поради финалето во НЦАА-лигата, вечерва продолжуваат настапите во НБА-лигата и завршната битка за местата кои водат во разигрувањето титулата, а Sport Life подготви мегапонуда за своите играчи. Вечерва ќе се играат вкупно 14 натпревари, за кои има по 152 и 154 игри за обложување.
Вечерва еден тим има шанса и официјално да обезбеди пласман во плејофот.
ЛА Клиперс кој е четврти на Западот со 50 победи и 28 порази игра против Феникс санс (46-32) и со победа ќе им се приклучи на Минесота, Денвер и Оклахома сити кои веќе го обезбедија учеството во плејофот.
Клиперс на четири меча до крајот на регуларниот дел од сезоната имаат четири победи повеќе од Њу Орлеанс и Феникс и со победа ќе обезбедат барем шесто место кое води директно во плејофот.
На Истокот, два тима би можеле исто така да го се пласираат во плејофот, но не зависат од своите мечеви, тоа се Њујорк никс и Орландо меџик кои имаат идентичен скор, 46 победи и 32 порази. Њујорк игра против Чикаго булс, додека Орландо меџик против Хјустон, и со триумфи и евентуален пораз на Филаделфија која игра против Детроит, ќе им се приклучат на Бостон и Милвоки кои веќе се во плејофот.
Интересно се очекува да биде и на дуелот меѓу ЛА Лејкерс и Голден стејт кои се борат за подобра позиција во плеј-ин турнирот. Лејкерси се деветти (45-34) додека Голден стејт е десетти (43-35) и победникот ќе има шанси да се бори за осмото место на Западот.
Фантастична е понудата на Sport Life и за популарната игра „плус-минус“ поени бидејќи изборот е огромен, дури 113-мина кошаркари се во понудата. Комплетната понуда на Sport Life може да ја погледнете ТУКА.