По паузата поради репрезентативните настапи, денеска и утре ќе има големи возбудувања во најсилните лиги во Европа, а во Sport Life има неверојатна понуда со најразлични комбинации. Една од најпримамливите понуди е играта на фудбалери кои ќе постигнат гол или ќе упатат удари во рамките на противничкиот гол.
За опцијата шутеви на гол има дури 70 играчи кои се дел од Премиер лигата, на кои може да се обложите дали ќе ја надминат или не, зададената граница.
Виктор Ѓокереш од Арсенал да има над 1,5 шутеви во рамките на голот е со квота од три, додека за Педро Жоао истата граница на шутеви во рамки на гол се вреднува со квота од 2.5. Ерлинг Халанд да има два или повеќе шутеви во рамките на противничкиот гол е со квота од 1.65, додека за Мохамед Салах квотата за таа граница е на 2.40.
Во понудата стрелец на гол иам фудбалери што играат во Англија, Франција, Германија, Италија, Шпанија, Холандија и Турција. Преку 200 фудбалери има во оваа понуда, а единствен македонски репрезентативец кој е на листата е капитенот Енис Барди. За Барди да постигне гол за Коњаспор во дуелот со Кочаениспор на свој терен, квотата е точно 4.00. Барди даде прекрасен гол за Македонија од слободен удар на последниот меч против Казахстан.