Ваква понуда со зголемени квоти се гледа многу, многу ретко, а возбудувањата започнуваат уште претпладне

Стандарниот Супер тип во Sport Life денеска е малку нестандарден. Наместо „регуларните“ 16 натпревари на кои може да најдете зголемени коефициенти, денеска понудата е поголема и има дури 19 различни натпревари распоредени во три спорта.

Секако, доминира фудбалот со 11 средби на кои може да се најдат интересни коефициенти. Тука се и пет тениски пресметки, како и три интересни кошаркарски дуели од Евролигата.

Возбудувањата ќе започнат уште во претпладневниот термин, за кога е закажан фудбалскиот дуел во Турција меѓу Истанбулспор и Касимпаша. Домаќинот е фаворит за победа и „кецот“ е 1.54.

Првите тениси кои ќе се играат се со фаворитски улоги за Де Минаур и Потапова, коишто имаат квоти од 1.46 и 1.49 за победи. Треба да се очекува и триумф на Рибакина кај жените, како и Тијафо кај мажите.

Во Евролигата во кошарка, на сите три меча предност им се дава на домашните екипи. Дерби ќе има во Истанбул, каде што Фенербахче му е домаќин на Реал Мадрид, а Жалгирис во Каунас ќе го пречека Милано. Третата пресметка е во Минхен, каде што Баерн треба да го искористи домашниот терен за победа над АСВЕЛ.

Од фудбалските дуели најатрактивни се зголемените коефициенти за победа на Сосиедад против Осасуна, Барселона на гости кај Валенсија, како и на романскиот гигант ФЦСБ, кој гостува кај Петролул Плоешти.

- Оглас -

Најнови вести