Ваква репрезентативна фотографија досега никој нема направено

Африканскиот куп на нациите започнува утре, а репрезентациите кои ќе бидат дел од елитното друштво веќе се подготвени за настап. Во пресрет на стартот на турнирот, традиционално сите национални тимови прават заедничка фотографија, а во центарот на вниманието е селекцијата на Демократска Република Конго.

Фудбалерите на оваа земја решија да се фотографираат во дресови од клубовите во коишто настапуваат наместо традиционалната фотографија во националните обележја.

На овој начин тие сакаат да упатат порака дека ја покажуваат различноста која ја имаат во својата обединетост.

- Оглас -

Најнови вести