1024 Акрингтон – Плимут (20:45 ч.)
Дуел на две екипи со различни амбиции. Акрингтон е во зоната за испаѓање, додека Плимут е втор на табелата, позиција која носи директен пласман во Чемпионшип следната сезона.
Плимут го има вториот најдобар напад во Лига еден, но одбраната им е слаба страна, па може да се очекуваат погодоци на двете страни за на крајот сепак бодовите да заминат за гостите.
Предлог тип: 2&3+ (2.60)
1025 Барнсли – Шефилд јунајтед (21 ч.)
Дерби на врвот на табелата во Лига еден во Англија. Шефлид е одличен и во 35 меча има само три порази, па заслужено е лидер на табелата. Сепак, Барнсли е опасен, посебно на свој терен, каде што има 12 победи во 17 средби, а интересно е дека веќе и го победи Шефилд, и тоа на гости со 2:0.
Неверојатна е традицијата која вели дека на последните 11 дуели на овие две екипи секогаш на крајот имало меѓу два и три погодоци.
Предлог тип: 2-3 гола (1.97)
1038 Кроули – Донкастер (20:45 ч.)
Со 19 порази во 35 кола, Кроули е во опасност да испадне од Лига два во Англија. Со 58 примени гола тие го имаат вториот најслаб напад. И Донкастер е лош во одбраната и прими дури 49 погодоци во 39 меча.
Првиот дуел сезонава заврши со победа на Донкастер од 4:1, а и сега може да се очекува да има погодоци на двете страни.
Предлог тип: ГГ3+ (2.20)
6704 Рома (ж.) – Барселона (ж.) (21 ч.)
Женскиот тим на Барселона е апсолутен фаворит во дуелот против Рома во четвртфиналето од Лигата на шампионите за дами.
На последните осум дуели што ги одигра Барселона во сите натпреварувања, лесно победуваа барем со четири постигнати погодоци.
Предлог тип: 4+ (1.79)
1261 Стирлинг Албион – Форфар (20:45 ч.)
Меч од четвртата лига во Шкотска, на кој домаќинот е фаворит за трите бода. Стирлинг се бори за првото место на табелата кое води во повисок ранг и токму затоа на домашен терен не смее да киксира.
Форфар е на средината од табелата и во последните девет кола во првенството има само еден пораз (пет победи и три реми), но сега тешко дека ќе може да ја продолжи оваа убава низа.
Предлог тип: 1 (1.80)