Ваква трка на Реал Мадрид, Барселона и Атлетико Мадрид, трите шпански гиганти, со вкупно 71 титула немало за ист играч, а сите сакаат да го ангажираат Матијас Гинтер.
Германскиот репрезентативец и светски првак на Мундијалот во Бразил во 2014 година е интересен и за Кралевите и за Каталонците и за Јорганџиите, па Гинтер ќе биде на мака да ја избере најдобрата солуција.
Стоперот на Борусија Менхенгладбах е во последната година од четиригодишниот договор со сегашниот клуб, а пристигна од Борусија Дортмунд.
Гинтер е еден од најдобрите стопери во Бундеслигата, а може да игра и како бек, што е голем плус за 28-годишниот дефанзивец.
Со репрезентацијата на Германија беше светски првак пред 7 години, а ги одигра сите четири натпревари на Европското првенство што се играше летово. Има вкупно 44 натпревари за популарните Панцери и постигна два гола.