Италија и Швајварија со нетрпение ги очекуваат последните квалификациски 90 минути, а само една од двете непоразени репрезентации во Ц групата ќе се радува на директен пласман на Светското првенство во Катар.
И двете репрезентации имаат еднаков број бодови, по 15, па прв критериум што вечерва може да одреди која селекција ќе игра на Мундијалот е гол-разликата.
Актуелниот европски првак Италија има гол-разлика од 13:2 и гостување во Белфаст кај Северна Ирска.
Швајцарците се со гол-разлика од 11:2 и играат дома, во Луцерн против Бугарија.
Се очекуваат две победи на фаворитите и трка по голови, кои сега вредат директно учество на фудбалскиот самит во Катар идната година.
Може да се случи и двете репрезентации да завршат со еднаков број бодови и со иста гол-разлика, па во таков случај одлучува следниот критериум, меѓусебните дуели.
И тука двете селекции се израмнети, ремито беше конечен исход и во Базел, каде што мечот заврши без голови и во Рим, но со резултат 1:1, што ѝ носи предност на Швајцарија поради постигнатиот гол на гости.
Двата меча се играат во исто време, вечерва од 20.45 часот.