Ролан Гарос за Роџер Федерер заврши во полуфиналето, откако Швајцарецот претрпе пораз од Рафаел Надал со 3-0 во сетови. Федерер на сите начини се обидуваше да го спречи фуриозниот Шпанец, но за жал беше немоќен во трите сета.
Овој меч можеби беше последен настап на Федерер на Отвореното првенство на Франција, па токму затоа публиката се погрижи да го испрати како што заслужува. По мечот, преполниот стадион „Филип – Шатрие“ згрми во чест на еден од најдобрите тенисери на сите времиња.
https://twitter.com/Eurosport_UK/status/1136994582615482368