Вакви пресврти на бокс меч немало ни во филм (Видео)

Нигериецот Ефе Аџагба и Грузиецот Иаго Киладзе приредија боксерски спектакл во Торонто, а мечот ќе се памети по многуте пресврти и нокдауни, и на крај нокаут. Во текот на борбата, двајцата паѓаа на ринг како покосени.

Киладзе одвај стоеше на нозе во втората рунда, па и во третата, но кога беше грогиран, на неверојатен начин успеа да најде сила и да го удри Аџагба, па Нигериецот беше изненаден и падна. Сепак, подоцна Аџагба продолжи таму каде што беше пред да се најде во нокдаун и успеа да го дотолчи противникот, кој беше нокаутиран од трети обид.

Аџагба учествуваше на олимписките игри во 2016 година, а пред да почне да се занимава со бок во 2011 година, бил фудбалер.

- Оглас -

Најнови вести