Вакви резултати во Серија А немало уште од далечната 1955 година

Денешните шест меча во Серија А донесоа резултати кои не се паметат со децении во италијанското првенство. Резултатите се изненадувачки, па во само неколку часа загубија Интер, Јувентус, Рома и Милан.

Вакво нешто, овие четири екипи да изгубат во еден ист ден се немаше случено од 13 февруари 1955 година. Интер на гости загуби од Удинезе со 3:1, Јувентус беше шокиран на гости кај Монца со 1:0, а Рома дома загуби од Аталанта.

Како „шлаг“ на овие резултати беше поразот на Милан на „Сан Сиро“ од Наполи.

- Оглас -

Најнови вести