Хозе Луис Гарсија, Ваја, или попознат само како Пепелу потпиша нов договор со Леванте за следните 10 години, што е вистинска реткост во модерниот фудбал.
Соиграчот на Енис Барди реши да игра и во Втората лига за својот клуб, а потпиша нов договор со клубот од Валенсија до 2032 година.
https://twitter.com/LevanteUD/status/1534959680140857344?s=20&t=Ea65YvHnWxudki_UOsve6w
Пепелу има 23 години и според новиот договор ќе игра за Леванте до 33-та година од животот.
Неговиот пат е интересен и Леванте му е матичен клуб, а честопати беше позајмуван. Во 2015 година одигра 23 натпревари и потоа играше како позајмен фудбалер во Херкулес, Тондела и Виторија Гимараеш, а ланската сезона пак настапуваше за Леванте.
Клубот сезонава испадна од Првата шпанска лига, но Пепелу покажа дека е приврзан за клубот и потпиша договор на 10 години што е вистински раритет.