1.8 C
Skopje
четврток, 13 ноември 2025

Ваков Милан не е виден во последните 66 години

Милан уште еднаш потврди дека има победнички менталитет откако синоќа победи на гостувањето кај Сампдорија со 2:1. Иако играа без повредениот Златан Ибрахимовиќ, Росонерите без многу проблеми стигнаа до трите бода и само ја продолжија перфектната низа од пет победи по ред на гостувањата сезонава.

По првите 10 кола, Милан е лидер во Серија А со 26 бода, само четири помалку од максималните 30. Осум победи во овој период од сезоната Милан имал само еднаш во претходните 86 сезони во Серија А. Тоа се случило во сезоната 1954/55, кога миланскиот гигант во првите 10 кола имал дури девет победи. Таа сезона Милан и го освоил Скудетото.

Сега со осум триумфи и два нерешени резултати, Милан сигурно ќе атакува на шампионската титула, што би била прва за него по пауза од точно 10 години, а вкупно 19-та во клупската историја.

 

- Оглас -

Најнови вести