Вакво чудо во Европа нема: 20 меча по ред им немаат дадено гол, а 17 пати било 0-2 гола!

Возбудувањата во шпанската Примера продолжуваат и денеска, на програмата се три меча, а најинтересно треба да биде во мадридскиот дуел меѓу Хетафе и Атлетико Мадрид. Хетафе очајно ја започна сезоната и ги загуби сите пет натпревари, додека шампионот Атлетико, во стандарден стил, игра цврсто и уште нема пораз.

Иако Хетафе е домаќин, Атлетико е во улога на фаворит за освојување на трите бода. Во петте меча што ги загуби, Хетафе покажа дека има очаен напад и даде само еден гол. Ако се знае дека Атлетико ја има најцврстата одбрана, тогаш многу ќе им биде тешко на домаќините и денеска да се израдуваат на погодок.

Освен актуелната форма, во корист на тоа дека нема да има многу погодоци е и традицијата. Можеби и да нема ривалство во Европа каде што може да се најде дека на последните 14 меѓусебни средби, секогаш имало максимум два погодоци. Освен што дуелите завршуваа со 0-2 погодоци, на сите 14 меча било и еден од двете екипи да не постигне гол, односно да се одигра НГ.

За денеска да биде од 0-2 гола, коефициентот во Sport Life е 1.51, Потполно идентична е квотата и за НГ (еден од двата тима да не постигне погодок).

Последни 20 меча на Хетафе и Атлетико Мадрид:

13.03.2021 Хетафе – Атлетико М. 0:0

30.12.2020 Атлетико М. – Хетафе 1:0

16.07.2020 Хетафе – Атлетико М. 0:2

18.08.2019 Атлетико М. – Хетафе 1:0

26.01.2019 Атлетико М. – Хетафе 2:0

22.09.2018 Хетафе – Атлетико М. 0:2

12.05.2018 Хетафе – Атлетико М. 0:1

06.01.2018 Атлетико М. – Хетафе 2:0

11.08.2017 Хетафе – Атлетико М. 0:0

14.02.2016 Хетафе – Атлетико М. 0:1

22.09.2015 Атлетико М. – Хетафе 2:0

21.03.2015 Атлетико М. – Хетафе 2:0

26.10.2014 Хетафе – Атлетико М. 0:1

13.04.2014 Хетафе – Атлетико М. 0:2

23.11.2013 Атлетико М. – Хетафе 7:0

07.04.2013 Хетафе – Атлетико М. 0:0

10.01.2013 Хетафе – Атлетико М. 0:0

12.12.2012 Атлетико М. – Хетафе 3:0

11.11.2012 Атлетико М. – Хетафе 2:0

01.04.2012 Атлетико М. – Хетафе 3:0

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести