Ракометарките на Железничар од Инѓија беа декласирани во првиот натпревар од првото коло на Купот на ЕХФ на гостувањето кај Ериче во Италија со резултат 46-25, а едно 16-годишно девојче од гостинскиот тим привлече големо внимание.
Марија Оташевиќ изведе пенал каков не се гледа често. Таа во стил на балерина, направи пируета околу линијата на седум метри, со што ја измами голманката и постигна гол.
Погледнете го необичниот седмерец на талентираната Оташевиќ: