Десеттото коло на Спортска прогноза ќе биде најинтересното во сите четири сезони досега во бесплатната и забавна игра што ја организираат Спорт Манија и Sport Life со вредни награди.
Трката за „ајфон 12“ ќе почне веќе денеска, од 14 часот, а на менито на популарната Тринесетка ги има трите најголеми дербија во Шпанија, Италија и Англија.
Вечните ривали Барселона и Реал Мадрид ќе играат во ново Ел Класико во недела, на „Камп ноу“, од 16.15 часот. Во истиот термин ќе се игра и холандското дерби меѓу Ајакс и ПСВ Ајндховен, а потоа следува преселба на „Олд Трафорд“, каде што ќе се игра англискиот класик меѓу најтрофејните екипи, Манчестер јунајтед и Ливерпул, од 17.30 часот.
Половина час подоцна ќе играат Рома и Наполи, а за крај на колото ќе се игра популарното Дерби на Италија меѓу Интер и Јувентус на „Џузепе Меаца“.
Поголем предизвик и поинтересно коло на Спортска прогноза досега немало, па на прогнозерите им останува од денеска, од 14 часот, па сè до сабота, до 16 часот да подготват страгетија за напад на „ајфонот“.
Потребно е да се погодат сите 13 пара во десеттото коло за да се освои прекрасниот мобилен телефон во играта што е бесплатна и за учество ви треба само да имате СЛ картичка од Sport Life.
Обложувалницата за секое коло ги наградува и утките, па со 12 погодени парови ви следува ваучер од 1.000 денари, а со две промашувања ќе добиете ваучер од 500 денари.
Важни се и поените од двата резервни пара, кои важат во битката за првото место во Генералниот пласман. Шампионот на крајот од четвртата сезона на Спортска прогноза ќе добие ТВ Смарт од 48 инчи, а ќе има награди во поени од СЛ маркетот на Sport Life за останатите четири прогнозери што ќе бидат пласирани во Топ-5.