Вакво нешто досега не му се случило, Ѓоковиќ во еден ден двапати загуби од Синер

Првиот тенисер на АТП ранг-листата, Новак Ѓоковиќ, не успеа да ја однесе Србија во финалето на Дејвис купот, откако денеска му се случи нешто неверојатно, ги загуби двата меча. Италија во полуфиналето славеше со 2-1 во победи и си закажа финална пресметка со Австралија во финалето на Дејвис купот.

https://twitter.com/i/status/1728497008858759619

Ѓоковиќ прво во дуелот во сингл, загуби од Јаник Синер со 2-1 во сетови, и тоа само една недела откако славеше над Италијанецот во финалето на завршниот АТП мастерс турнир кој се играше во Торино.

https://twitter.com/i/status/1728491010504667191

Одлучувачкиот дуел во полуфиналето беше во двојки, а двете селекции настапија со најдобрите состави, за Србија играа Ѓоковиќ и Миомир Кецмановиќ, додека Синер и Лоренцо Сонего беа на спротивната страна.

На крајот славеа Италијанците во два сета и тоа со 6:3,6:4. Првиот сет беше решен во шестиот гем кога Италијанците направија брејк и поведоа со 4:2 во гемови и потоа со сигурен сервис ја задржаа предноста.

Во вториот сет, Синер и Сонего први дојдоа до брејк во третиот гем, но Ѓоковиќ и Кецмановиќ експресно возвратија. Сепак, во седмиот гем, Синер и Сонего ја искористија втората брејк топка која ги однесе во финалето каде ги чека Австралија.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести