12.8 C
Skopje
петок, 17 октомври 2025

Вакво нешто досега немало: Борусија има само 2 отсто шанси да победи, Манчестер j. е само со шест отсто шанси

Неколку дерби-мечеви се дел од петтото коло на Спортска прогноза, но според оние кои досега типуваа, победниците речиси се предвреме познати. Во дуелот на најтрофејните клубови во Англија, Ливерпул на „Енфилд роуд“ ќе го пречека Манчестер јунајтед.

Иако е дерби, прогнозерите речиси и да немаат долеми, па над 80 отсто очекуваат Ливерпул да победи. Околу 12 отсто чекаат да биде нерешено, а едвај шест отсто веруваат дека Манчестер јунајтед може да изненади и да се радува на трите бода.

Во најголемото дерби во германската Бундеслига, Баерн е уште подоминантен во однос на Борусија Дортмунд. Речиси 90 отсто чекаат Баерн да победи, а неверојатни само два отсто сметаат дека Милионерите од Дортмунд може да триумфираат.

Рома е домаќин на Интер, но и покрај тоа, Волчицата нема големи шанси. Само 10 отсто од прогнозерите чекаат Рома да слави, а останатите прогнозери речиси се поделени околу тоа да слави Интер и да биде нерешено.

Вкупно 13 меча од Топ 5 лигите се дел од ова коло и главен предизвик за сите прогнозери е да погодат Среќна 13-ка, односно да ги погоди сите 13 фиксови. Прогнозерот со погодени 13 натпревари добива iPhone 16, додека прогнозерот со погодени 12 натпревари добива ваучер од 1000 денари. За 11 погодени дуели, ваучерот е 500 денари.

- Оглас -

Најнови вести