Вакво нешто е реткост во модерниот фудбал: Новиот премиерлигаш соопшти одлични вести за своите навивачи

Екипата на Брентфорд е овосезонската сензација во Премиер лигата.

Тимот кој се врати во најсилната англиска лига по пауза од 85 години, сега е на 14-тото место на табелата, а извршниот директор, Џон Варни, соопшти убави вести за симпатизерите на овој клуб.

„Ние веруваме во тоа дека фудбалот и овој тим треба да бидат достапни за сите, а фановите сакаат да уживаат на натпреварите.

Затоа се одлучивме и дресовите за наредната сезона да бидат исти како и оваа, со цел да не ги обврзуваме на своевиден начин нашите навивачи да купуваат дрес“ изјави Варни.

Ова е навистина убав потег на раководството на тимот ако се знае дека во Англија последниве години цените за дресовите и годишните билети одат со вртоглава цена нагоре, што за обичниот навивач станува сè потешко да обезбеди финансии да ги гледа натпреварите на својот омилен тим.

- Оглас -

Најнови вести