Вакво нешто не се памети во Битола, Американец даде неверојатни 53 поени против Пелистер

Американскиот бек Џошуа Скот, кој игра за Подгорица Бемакс, вечерва во салата во Битола имаше шоу и партија на кариерата, и на дуелот со Пелистер постигна дури 53 поени. Во дуел од АБА 2 лигата, Подгорица победи со 93-74.

Вакво нешто не се памети во салата „Боро Чурлески“, но Скот беше инспириран, незапирлив и средбата ја заврши со 53 поени, 6 скока, 6 асистенции, 5 украдени топки, што му донесе ундекс на корисност од дури 63, што веројатно е рекорд на лигата.

Скот погоди три тројки од шест обиди, за два поени реализацијата му беше 14/21, а од линијата за слободни утна само еднаш од 17 обиди.

- Оглас -

Најнови вести