Вакво нешто не се случило – Ѓоковиќ и сите тенисери во Париз добија двојно повеќе пари

Организаторите на АТП Мастерсот од серијата 1000 во Париз пријатно ги изненадија тенисерите што учествуваа на турнирот со двојно поголема награда.

Секако, најмногу ќари шампионот Новак Ѓоковиќ, кој наместо 336 илјади евра, доби парична награда од 670 илјади евра.

Ги Форже, поранешниот тениски ас, кој е директор на турнирот, објасни дека причината за удвоените премии за играчите е одличната продажба на влезниците.

Ѓоковиќ го победи Данил Медведев во финалето со 2:1 во сетови со пресврт и само си го подобри рекордот на турнирот, што сега го држи со шест освоени титули.

Медведев исто така доби двојно повеќе пари и си замина од Париз побогат за 374 илјади евра.

 

 

- Оглас -

Најнови вести