Искусниот грчки кошаркарки плејмејкер, Костас Слукас, потпиша шокантен тригодишен договор со Панатинаикос. Грчките медиуми тврдат дека Слукас ќе добие 10 милиони евра за три сезони, со што ќе стане најскап грчки спортист кој игра за грчки клуб.
Некогашниот соиграч на Перо Антиќ од шампионските денови во Олимпијакос и Фенербахче, со потписот за ПАО, предизвика кошаркарски земјотрес во Атина и тоа ќе се смета за огромно предавство, какво што во минатото направи и Василис Спанулис кога од Панатинаикос директно прејде во Олимпијакос, поради тоа и веќе никогаш не прозборе со Жељко Обрадовиќ кој му беше тренер во Зелените детелинки, а беше и главен непријател на фановите на ПАО.
Слукас беше член на Олимпијакос од 2008 до 2015 година, и од 2020 до 2023, па кога ќе го видат во зелениот дрес на Панатинаикос, тоа би било хорор за фановите на клубот од Пиреа.