Вакво нешто ретко се гледа, тренер направи дури три измени по само 33 минути игра

На мечот од 31-вто коло во Премиер лигата меѓу Нотингам форест и Фулам се случи нешто што ретко се гледа на терените, тренерот на гостите направи дури три измени.

Марко Силва, разочаран од играта и резултатот на неговите фудбалери, кои само по 19 минути играа два гола негатива, во 33-тата минута ги извади од игра Саша Лукиќ, Алекс Ивоби и Хари Вилсон и на нивно место во игра ги внесе Том Керни, Адама Траоре и Вилијан.

Измените засега не вродија со плод бидејќи Нотингам има водство од 3:1.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести