Галатасарај со 2:0 го победи Трабзонспор, а по завршување на мечот, беше направено шоу во кое главната улога беше наменета за Хаким Зијеш. Мароканскиот репрезентативец е најновото засилување за турскиот гигант, а доаѓа од англискиот Челзи.
Зијаш беше качен на местото наменето за водачите на навивачите на Галатасарај и од таму беше преставен пред повеќе од 50.000 гледачи кои беа на стадионот. Вакво преставување на ново засилување досега немало, едноставно фановите на Галатасарај смислија оригинален начин и веднаш најдоа нивни нов омилен фудбалер, кој допрва треба да се докаже во турскиот гигант.