Вакво шампионско финале немало од 1998 година, победникот влегува во историјата

Баерн Минхен или Пари Сен Жермен ќе бидат нов европски шампион, а кој и да го освои најценетиот пехар во европскиот клупски фудбал, тоа ќе биде историски подвиг за едните или другите. Од 1998 година наваму, ова е прво финале во кое играат два тима кои претходната сезона биле шампиони на своите земји.

За ПСЖ би била прва титула, додека баварците би станале прв тим кој до титулата дошол без нерешен резултат или пораз, туку со победи на сите мечеви. Така тие би имале шест континентални титули и би освоиле прва тројна круна по 2013 година. Парижаните исто така одат на сезонски максимум, бидејќи и тие беа прваци на својата земја и ги освоија куповите (во Франција имаше два купа), па пред нив не е тројна круна, туку сезона со четири трофеи.

Во финалето в недела, надмудрување ќе има помеѓу двајца германски тренери, што ќе биде четврти пат во историјата сонародници да бидат на клупите на финалистите.

- Оглас -

Најнови вести