Ваљадолид и Лас Палмас имаа жестока пресметка во битката за опстанок, а дуелот заврши 1-1. И двата тима беа во серија порази, па можеби овој освоен бод ќе им биде поттик за понатамошни поуспешни резултати во продолжението од сезоната во Ла Лига.
Сандро Рамирез го доведе Лас Палмас во водство во 22-та минута, но седум минути подоцна остана со фудбалер помалку поради исклучувањето на Скот Меккена.
Ваљадолид успеа да дојде до израмнување со погодокот на Хуанми Латаса во 63-та минута од дуелот.