Валбуена е подготвен да го „смести“ Бензема во затвор!

Во Франција денеска започна судењето на Карим Бензема и уште четворица други мажи поради наводна уцена на Матје Валбуена, и тоа за случај од 2015 година. На првиот ден од судењето се појавија сите, освен Бензема, кој доколку биде обвинет, може да добие затворска казна и до пет години!

Бензема го немаше на судењето поради професионални причини, односно затоа што синоќа играше за Реал на гости во Украина, во меч од Лигата на шампионите. Адвокатот на Бензема истакна дека ова е бизарен случај, но тоа не значи дека неговиот клиент нема да настрада.

За разлика од Бензема, оштетениот Валбуена беше присутен во судот и изјави дека едвај чекал да почне процесот.

„Го чекав ова шест години, а сега сум подготвен да одам до крај. Само Бензема не се појави на суд. Срамота, но тоа е. Овде ќе останам колку што е потребно“, рече Валбуена, кој моментно е играч на Олимпијакос, но најде време да пристигне за судењето во Франција.

Бензема е обвинет дека го наведувал Валбуена да ги плати бараните пари (сума меѓу 50.000 и 100.000 евра), а на една аудиоснимка се слуша разговор на кој Бензема зборува со еден од уценувачите. И самиот Валбуена во денешниот исказ потенцираше дека Бензема го наведувал да се сретне со некои луѓе. Тоа се слуша и од видеоснимката на која Бензема зборува со друг обвинет.

„Го видов и зборував со него. Не ме сфати сериозно. Му реков на Валбуена дека ако сака да биде уништена снимката, ќе треба да се види со моите пријатели. Без адвокат, без полиција. Џибрил Сисе го направи истото. Си плати“, се зборовите кои ги кажува Бензема на снимката.

- Оглас -

Најнови вести