Олимпијакос победи со 2:1 на гостувањето кај Панеоликос во 16. коло од грчкиот шампионат, а мечот ќе се памти по асистенцијата што ја имаше Матје Валбуена. Францускиот репрезентативец имаше фантастично додавање за вториот, победоносен погодок за Олимпијакос.
Валбуена загуби рамнотежа, беше во пад, но на неверојатен начин успеа да ја додаде топката, а Ел Араби погоди за победа на фаворитот. Со овот триумф Олимпијакос само се зацврсти на првото место на табелата со девет бода повеќе од второпласираниот Арис.
J'aimerais que l'on se pose 5 minutes et qu'on apprécie cette passe décisive de @MathieuVal8 qui nous rapporte les 3 points ce soir. Quel joueur ! Cette passe dé, elle vaut très cher #PANOLY pic.twitter.com/Ha09JWLsfD
— Olympiakos France (@OlympiakosFr) January 9, 2021