Валенсија со доста мака успеа да триумфира против Селта Виго со конечни 2-0 во мечот од 24-тото коло во Ла Лига. Лилјаците чекаа да изминат регуларните 90 минути, па дури потоа да стигнат до головите кои на крајот беа повеќе од доволни за освојување на трите бода.
Ману Валјехо ја искористи големата шанса во четвртата минута од судиското надополнување за да им донесе водство на домаќините. Голот можете да го видите на следниот ЛИНК.
Точно четири минути подоцна, односно пред самиот финиш на дуелот на „Месталја“, Валенсија се разигра, а одличната акција ја круниса Гамеиро со погодок за конечни 2-0 и само шеста победа за Лилјаците по 24 натпревари во шпанското првенство.
https://twitter.com/Fastgoal2/status/1363210157602312197