Валенсија го даде најубавиот гол во Ла Лига сезонава, па ја почувствува силата на Атлетико (Видео)

Атлетико Мадрид ја порази Валенсија со 3-1 и повторно има седум бода предност пред Реал Мадрид на табелата во шпанското првенство и притоа Јорганџиите имаат и еден меч помалку.

Валенсија поведе со фантастичниот погодок на Урош Рачиќ, но тоа како да разлути домашните. Еден од трите гола за Атлетико, оној вториот, го даде Луис Суарес, Уругваецот кој денеска го прослави 34-тиот роденден. Некогашниот голгетер на Ливерпул и Барселона последните мечеви е непогрешлив и е еден од адутите во трката за титулата.

- Оглас -

Најнови вести