Валенсија и Леванте одиграа нерешено, 1:1 во градското дерби што донесе неочекувани возбудувања во последните минути.
Шпанскиот репрезентативец Родриго реагираше одлично во 90. минута од мечот и постигна гол на асистенција на бекот Гаја, за предност на Валенсија од 1:0. Кога се очекуваше крај и победа на домашната екипа, Леванте возврати и буквално во последен момент.
Дијакаби направи пенал, фаулот беше потврден и по прегледувањето со помош на ВАР системот, а Мелеро погоди за конечни 1:1.
Леванте имаше и голем двоен пех, бидејќи во 74. минута им се повреди нашиот репрезентативец Енис Барди, а беше исклучен и Роџер Марти.
Гостите сепак одиграа храбро и заслужено освоија еден бод што ги води подалеку од опасната зона за испаѓање. Моментно Леванте е на 12. позиција со 34 бода, девет повеќе од Мајорка, која е на 18. позиција, последна што води во понизок ранг.
Валенсија остана на 7. место, сега со 43 бода.