Новиот тренер на Валенсија, Карлос Корберан, беше претставен пред медиумите, и одговараше на прашања во врска со неговиот нов предизвик. Корберан во Валенсија за која брани Столе Димитриевски, дојде од англискиот второлигаш Вест Бромвич Албион.
„Благодарност до Валенсија што веруваше во мене. Откако сум тренер, секој предизвик ми бил најважен, сакам тешки предизвици, пред мене е нов, ќе го дадам најдоброто од себе. Ќе работам одговорно и со љубов“, рече Корберан кој утре ќе го одржи првиот тренинг со Лилјаците, тимот се подготвува за одигрување на заостанатиот дуел со Реал Мадрид на 3-ти јануари.
„Направив анализа на составот. Во фудбалот, резултатите не се секогаш во согласност со она што го заслужувате. Убеден сум дека овие играчи можат да играат на повисоко ниво. Ги гледав нивните настапи, видов дека прават многу добри работи на теренот. Мојата цел ќе биде да ги вратам на максималното ниво за кое сум свесен дека можат да го достигнат. Имам верба во нив. Фудбалот е игра на максимално искористување на предностите и оптимизирање на нивото на вашите фудбалери“, изјави Корберан.