3.8 C
Skopje
недела, 1 февруари 2026

Валенсија и Столе Димитриевски во финишот паднаа против Бетис

Валенсија не успеа да освои бодови на гостувањето кај Бетис. Домаќинот славеше со 2-1, откако до триумф стигна во завршницата од дуелот.

Столе Димитриевски беше на голот на Валенсија, а победничкиот гол за Бетис го постигна Пабло Форналс во 88-та минута од дуелот.

Валенсија поведе во 20-тата минута со голот на Риоха, откако седум минути претходно Пепелу не реализираше пенал.

Бетис израмни во 23-тата минута од пенал преку Авила, а за пресврт се погрижи Форналс.

- Оглас -

Најнови вести