Валенсија има „снајпер“, а ништо не ги двои по првата полуфинална средба со Атлетик во Копа дел Реј (ФОТО)

Атлетик Билбао и Валенсија одиграа 1:1 во првата полуфинална средба од Копа дел Реј.

Домаќините поведоа со голот на Раул Гарсија во 24-тата минута за голема радост на полниот „Сан Мамеш“, додека Хуго Дуро во 65-тата минута го постави конечниот резултат.

Дуро игра неверојатно и од последните осум удари кон противничкиот гол, тој дури шестпати ја затресол мрежата.

На самиот крај на првиот дел имаше и расправија, по која играчот на гостите, кој седеше на клупата за резерви, Максимилијано Гомез беше исклучен.

Реваншот во Валенсија е закажан за втори март.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести