Валенсија може да разбие осумгодишен малер

1951 Самсунспор – Галатасарај (19.00 часот)

По првиот пораз сезонава во минатото коло, сега предноста на Галатасарај пред Фенербахче е само три бода, па на гостувањето во Самсун, тимот од Истанбул ќе биде под притисок. Самсунспор, кој феноменално ја почна сезоната, е трет на табелата, но освои само еден бод во последните три кола и затоа е аутсајдер вечерва. Галатасарај победуваше на последните три гостувања кај Самсунспор и секогаш даваше барем два гола. Есеноска во Истанбул беше 3-2.

Предлог тип: Х2 & 3+ (2.09)

 

1801 Волфсбург – Лајпциг (20.30 часот)

Волфсбург има серија од три порази по ред, сите со по 0-1, и бара излез од кризата, а Лајпциг е петти на табелата и се бори за место во Лигата на шампионите. Иако Црвените бикови имаат седум бода повеќе од тимот кому му гостуваат вечерва. Волфсбург е тим кој сезонава има повеќе постигнати голови. Дома нема победа речиси три месеци (од 14 јануари наваму), а Лајпциг на гости нема победа уште од почетокот на декември. Овие два тима двапати играа меѓу себе сезонава, и тоа во Лајпциг. Во лигашки меч гостите победија со 5-1, а потоа Лајпциг победи со 1-0 во Купот.

Предлог тип: 1-2 I & 1-2 II (2.70)

 

3001 Удинезе – Милан (20.45 часот)

Ова е една од последните шанси за Милан да фати приклучок кон местата на табелата кои водат во Европа, а Росонерите што и да направат вечерва, ќе останат деветти на табелата. Милан освои само еден бод во претходните три кола и затоа добро е за нив што имаат прилика да излезат од криза против тим кој има врзано три порази по ред и во последните четири кола освои само еден бод. Милан и даваше и примаше гол на последните четири гостувања. Победи 3-2 на последното гостување во Удине, а есеноска дома победи во драма со 1-0 во меч на којшто на Удинезе му беа поништени два гола и Милан целото второ полувреме играше со човек помалку.

Предлог тип: 2 (2.02)

 

1301 Валенсија – Севилја (21.00)

Во минатото коло овие два тима играа против мадридските гиганти, а Валенсија мина одлично, го шокира Реал со гол во последните минути, додека Севилја дома претрпе болен пораз и загуби на ист начин од Атлетико, со примен гол во судиското продолжение. Овие два клуба некогаш беа страв и трепет и во Европа, а сега се просечни шпански прволигаши. Севилја има три порази по ред, Лилјаците имаат серија од пет меча без пораз и бегаат од опасната зона. Во јануари во Севилја беше 1-1, а и последниот нивен меѓусебен дуел на „Месталја“ заврши нерешено. Валенсија уште од 2017 година не знае за победа дома против Андалузијците.

Предлог тип: & 1-3 (2.02)

 

1023 Барнли – Норвич (21.00 часот)

Барнли е втор на табелата во англискиот Чемпионшип на пет кола до крајот и му треба победа против Канаринците за да направи нов чекор кон директен пласман во Премиер лигата. Норвич е 11-ти и далеку е од местата кои водат во плејофот, а и опстанокот му е обезбеден. Барнли е тим кој има феноменална одбрана, прими само 12 гола на 41 меч сезонава, но Норвич го има вториот најефикасен напад во лигата. Барнли има три победи по ред во дуелите со Норвич и веруваме дека таа серија ќе продолжи.

Предлог тип: 1 & 2-4 (2.40)

- Оглас -

Најнови вести