Екипата на Валенсија продолжува со фантастичните игри во кошаркарската Евролига, откако славеше на гостувањето кај Олимпијакос со 99:92, во меч од 16 коло. Олимпијакос беше голем фаворит пред мечот, а грчкиот гигант водеше во поголем дел од мечот. Пред крајот од третата четвртина имаше предност од 13 поени, но гостите од Валенсија не се предадоа. Со фантастична игра во последните 10 минути, шпанскиот тим успеа да направи целосен пресврт и на крајот да се радува на победа. Последната четвртина Валенсија ја доби со убедливи 32:16.
За Валенсија ова е петта победа по ред во Евролигата и сега тимот се искачи на второто место со 11 победи и само пет порази. Само Хапоел Тел-Авив е подобар од Валенсија. Израелскиот тим има 12 победи, а последната ја забележа вечерва над Црвена ѕвезда. Во драматичен меч, кошаркарите на Хапоел беа посконцентрирани во финишот.
Беше 73:73, а потоа Хапоел водеше со 82:80, а Црвена ѕвезда не успеа да го издрши притисокот и во финишот, тимот од Тел Авив стигна до триумф.
Во останатите мечеви кои се играа вечерва: Дубаи – Макаби Тел Авив 95:97, Фенербахче – Панатинаикос 77:81, Милано – Реал Мадрид 89:82, Париз – Барселона 69:85.

