Валенсија падна на последното место, фановите направија хаос и бараат промена на раководството (Видео)

Навивачите на шпанскиот гигант Валенсија синоќа, пред, за време и по натпреварот против Лас Палмас направија хаос незадоволни од управувањето на клубот.

Валенсија доживува некои од најтешките денови во последните децении. Некогаш се се славеа трофеи на славната „Месталја“, но тимот под водство на азискиот бизнисмен Питер Лим моментно е последен на табелата во шпанската Ла Лига. Оваа сезона дел од Валенсија е и македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски.

„Капката што ја прели чашата“ беше поразот од Лас Палмас, екипа која синоќа, во директен дуел на двата најслаби тима во лигата ја прескокна Валенсија и со триумф од 2-3 ги турна Лилјаците на дното од табелата.


Екипата бележи катастрофални резултати, доживеа неуспех и со изградбата на новиот стадион, а економијата на клубот е во незавидна состојба.

Поради сето тоа, навивачите на Валенсија се огорчени и продолжија со протестите, но синоќа состојбата пред „Месталја“ беше особено хаотична. Илјадници навивачи на Валенсија се собраа уште пред почетокот на натпреварот за да ја осудат „тиранијата на Питер Лим“, а потоа останаа малку подолго на стадионот по натпреварот, па се упатија кон клупскиот паркинг, каде што направија хаос. Полицијата успеа да ги растера од паркингот, но потоа се упатија кон седиштето на клубот, кое е само неколку метри пред стадионот.

Незадоволните навивачи палеа сè пред себе и за време на нередите се судрија со полицискиот кордон. Она што започна како обичен протест, се претвори во голем инцидент, а наводно неколку полицајци и навивачи биле повредени.

Валенсија кога дојде Питер Лим, беше загрозена и се бореше за опстанок во Ла Лига, но секоја година успеваше да стане во елитата. Сепак, како што започна оваа сезона, тимот ќе има тежок пат пред себе да остане во друштвото на најдобрите.

- Оглас -

Најнови вести