Валенсија по трета среќа за плус два против Арсенал на „Месталја“

Виборг – Фредериција (18 часот)

Поранешниот дански прволигаш има реални шанси да обезбеди директен пласман во елитата ако вечерва ја победи Фредериција и потоа во дербито на првенството успее да го надигра лидерот Силкеборг.

Само една екипа од Втората лига директно ќе патува во повисок ранг, а моментно Силкеборг со меч повеќе има 4 бода позитива во однос на Виборг.

Но, тоа лесно може да се смени ако Виборг ги добие двата следни натпревари, кои се клучни за врвот.

Домаќините се фаворити, имаат шанса за 180 минути да се искачат на врвот и потоа како лидери да ги чекаат двата последни меча.

Фредериција има поинакви планови денеска и нема да калкулира бидејќи со победа може да го фати последниот воз за учество во баражот за Првата лига.

Последните дуели на овие две екипи беа мошне ефикасни, па ќе му дадеме предност на домаќинот, а типуваме дека ќе има голови на двете страни.

Предлог тип: 1Х&ГГ (2.10) Квота на денот Sport Life

 

Интер Запрешиќ – Рудеш (18 часот)

Интер има шанса со победа денеска против фенерџијата Рудеш да стави печат на опстанокот во ХНЛ.

Самир Топлак има солиден состав, но Интер има многу тежок распоред до крајот на шампионатот и денеска мора да оди на победа.

Интересно е што тимот од Запрешиќ има седум меча по ред со 3+, а шест од нив се и 4+, што значи дека мисли само на офанзива.

Рудеш има пет натпревари во серија без победа, играат растоварено бидејќи веќе се испаднати, па повторно може да се очекува супер ефикасен меч и победа на домаќините.

Предлог тип: 2-3I&2-3II (6.30)

 

Валенсија – Арсенал (21 часот)

Вечерва „Месталја“ ќе гори за Валенсија во обидот да се стигне до уште едно европско финале, а домаќините мора да бркаат негатива од два гола. Добро за нив е што постигнаа гол во Лондон, па сега на свој терен во третиот европски меч против Арсенал ќе се обидат за првпат да го победат ривалот со два гола разлика или повеќе.

На претходните два меча на домашен терен, а се играше во Лигата на шампионите, Валенсија ги победуваше Топчиите со 1-0 и 2-1. Тоа ќе биде недоволно за шпанскиот состав во нивниот прв двомеч со Арсенал во Лигата на Европа .

Проблем за Лилјаците е што се повредени Кондогбија и Черишев и тие сигурно нема да играат, а паника предизвика и повредата на глуждот на напаѓачот Родриго. Но, според најавите, шпанскиот репрезентативец ќе биде подготвен во обид да се надигра и елиминира Арсенал за пласман во финалето.

Арсенал си ги има стандардните проблеми и повреди, а нема да играат Ремзи, Велбек, Денис Суарес, Белерин и Холдинг.

Англичаните имаат добар резултат, но не смеат да се бранат бидејќи „Месталја“ е незгодно место за гостување, па се очекува офанзивен фудбал и голови.

Предлог тип: 1+I&2+II (2.50) Квота на денот Sport Life

 

Челзи – Ајнтрахт Франкфурт (21 часот)

Челзи има подобра позиција пред реваншот вечерва во полуфиналето во Лигата на Европа, а резултатот 1-1 од првиот меч им дава повеќе шанси на сините од Лондон.

Ајнтрахт дотурка далеку, игра одлично сезонава на европската сцена и нема да се предаде. Имаат одличен и релативно млад тим, што го предводи извонредниот српски репрезентативец Лука Јовиќ. Иако веќе потпиша за Реал Мадрид, сепак и кај него мотивите ќе бидат големи.

Во прашање е настап во финале на европски куп, а Германците никогаш не се откажуваат, ниту смеат да се отпишат. Проблем им е повредата на Халер, еден од најдобрите играчи и стрелци во тимот, но можно е сепак тој да одигра дел од мечот.

И Челзи има кадровски проблеми, нема да играат Рудигер, Канте и Хадсон Одои, но имаат голем избор на фудбалери и се фаворити за пласман во финалето.

Предлог тип: Т11+I&1+II (2.10) Квота на денот Sport Life

 

Замалек – Вади Дегла (22 часот)

Во тек е едно од најинтересните првенства во последно време во Египет, а доминацијата на Ал-Ахли и Замалек, кои ги освоија последните 14 титули, сега ја загрозува богатиот клуб Пирамидс.

Трката е многу неизвесна, а Замалек моментно е на третото место со седум бодови помалку од лидерот Ал-Ахли, но и со два меча помалку. Пред нив е и Пирамидс со пет бода повеќе, но и со четири меча повеќе, па целиот хаос ќе се среди кога ќе се одиграат сите заостанати мечеви.

Еден од нив е и тој во Каиро вечерва од 22 часот, на кој Замалек мора да победи ако сака да остане во трка за 13-та шампионска круна.

Предлог тип: 1&3+ (2.18)

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести